Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Алесио Черчи, речиси сигурно во јануарскиот преоден рок ќе го напушти шпанскиот клуб.
Черчи во Атлетико Мадрид стигна во летото 2014 година, но не успеа да ги оправда очекувањата во шпанскиот клуб.
Од доаѓањето на Висенте Калдерон Черчи играше на позајмица во Милан и Џенова.
Во ова лето се одлучи дека нема да ја менува средината, и да проба да се избори за минутажа кај Диего Симеоне, но не успеа.
Италијанските медиуми пренесоа денеска дека Черчи сигурно ќе го напушти Атлетико, и повторно да се врати во Италија.
Некогашниот фудбалер на Торино има понуда од Болоња, и се наоѓа на чекор од оваа екипа.
Атлетико Мадрид е спремен да се „реши“ од Черчи, па преговарањето околу висината на оштетата нема да претставува проблем.
Покрај Болоња, Черчи има и понуда од Кина, но порача на својот агент дека сака да се врати во италијанската Серија А.
Како што пишува Фудбал Италија овој трансфер треба да биде официјализиран во наредните неколку денови.