Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Богатите сопственици на ПСЖ очигледно и ова лето ќе бидат главна тема кога се во прашање трансферите, а францускиот клуб ја шокираше фудбалската јавност со одлуката да пушти понуда за Филипе Кутињо.
Бразилскиот репрезентативец на почетокот од оваа година стигна во Барселона од Ливерпул за околу 160 милиони евра, но после само половина година доби нова понуда, пренесува Мундо Депортиво.
Минатото лето ПСЖ на лукав начин го украде Нејмар, но се чини дека тоа не им е доволно. Првакот на Франција во своите редови го сака и Кутињо, а не би било изненадување доколку ова е предлог на Нејмар за да пробаат да го доведат неговиот соиграч од репрезентацијата.
Наводно, ПСЖ испратиле понуда од неверојатни 270 милиони евра, што е 50 милиони евра повеќе отколку што платија за трансферот на Нејмар.
Ќе видиме што ќе се случува следниот период, но Јасно е дека ова е само една нова провокација за Каталонците.