Де Лаурентис не попушта: Наполи одби понуда со која ќе се урнеше светскиот рекорд!

Италијанските медиуми пишуваат дека Наполи одбил понуда од соништата за Калиду Кулибали.

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, наводно одбил 100 милиони евра за дефанзивецот, а понудата наводно пристигнала од Манчестер јунајтед.

Сенегалецот беше желба и на Челси и Евертон минатото лето, а тогаш стигна понуда од 60 милиони во Неапол, но Аурелио Де Лаурентис не сакаше да го продаде својот играч.

Кулибали е основа на одбраната, а Анчелоти доби гаранции дека Хисај, Инсиње и Желински нема да заминат, без разлика колку добра понуда ќе пристигне.

Доколку Наполи ја прифатеше понудата, тогаш тоа ќе беше светски рекорд за дефанзивец.