Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Осман Дембеле веќе неколку недели е надвор од теренот поради проблеми со повредите.
Дембеле ги пропушти претходните неколку натпревари за Барселона, но навивачите се надеваа дека е подготвен за в среда и мечот против Реал Мадрид. Шпанските медиуми објавија пред неколку дена дека младиот француски играч закрепнал од повредата, но дека сега има некои други проблеми.
Имено, Дембеле сега има проблем со грипот поради кој не тренираше изминатите неколку дена, но очигледно има голема желба да биде подготвен за мечот со Кралевите. Дембеле ги изненади утринава сите кога се појави на тренингот со желба сам да тренира.
Меѓутоа, во Тренинг центарот на Барселона биле луѓето кои го виделе Дембеле дека не е баш во добра состојба. Натинката ја исцрпила енергијата од него, па на крајот луѓето од клубот не му дозволиле да тренира и го испратиле дома, иако тој се противел.
Дембеле дошол со зголемена температура, но порача дека веќе утре ќе се појави на тренинг, и дека ќе биде во конкуренција за мечот со Реал Мадрид иако мали се шансите дека тоа ќе се случи.