Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Репрезентацијата на Катар ја победи Германија со 20:22 во натпревар од 1/8 финалето на СП.
Германците преку Хафнер и Каи стигнаа до 2:0 на почетокот на натпреварот. Со серија од три погодоци на ракометарите на Германија во 10-та минута имаа водство од 6:2.
Двата погодоци на Капоте и едниот на Хасабала го намалија водството на Германија на еден негатива, 6:5. Во 19-та минута Роан погоди за израмнување на резултатот, 7:7.
Грецки и Кун постигнаа два погодоци во низа за водство, 9:7. Шариќ и Капоте одговорија со иста мерка и повторно го израмнија резултатот, 9:9.
Со погодокот на Гландорф, Германија замина на полувреме со еден погодок предност, 10:9.
Друкс постигна два погодци во низа за 13:11. Германија во 42-ра минута имаше водство три погодоци, 15:12.
Гландорф и Фет зголемија на 17:13. Катарците со четири погодоци во низа се вратија во натпреварот. Малаш, Мадади, Али и Роан постигнаа погодоци за израмнување, 17:17 девет минути пред крајот на натпреварот.
Германците со погодоците на Гландорф и Колбахер зголемија на 20:18. Капоте постигна три погодоци во низа и му донесе водство на Катар, 20:21.
Катар на крајот победи со 20:22.
Капоте со девет погодоци го предводеше Катар до победа. Кај Германија најефикасни беа Грецки и Гландорф со по 4 погодоци. Џабе беа и 19-те одбрани на Волф.