Денеска ќе се комплетира последниот трансфер во Премиерлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Летниот преоден рок во Англија заврши вчера, а во последниот ден беа направени 25 трансфери, а клубовите потрошија 128 милиони фунти на нови играчи само во вчерашниот ден.

Вчера се засилуваа Фулам и Евертон. Екипата од Лондон ангажираше пет играчи во последниот ден и станаа првиот тим кој по промоција во Премиерлигата потрошил повеќе од 100 милиони фунти.

Од друга страна Евертон ангажираше тројца играчи. Од Барселона пристигнаа Џери Мина и Андре Гомез, а потпиша и одличниот Бернард.

Меѓутоа, иако преодниот рок е завршен, денеска ќе биде реализиран уште еден трансфер и тоа во Евертон. На „Гудисон парк“ пристигнува Курт Зума од Челси и тоа на едногодишна позајмица.

Документите биле предадени на време од двете страни, па се очекува дозвола од Фудбалската асоцијација на Англија.