Дефинитивно ги покажаа шампионските амбиции: Ливерпул со петарда го испрати Арсенал во Лондон


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Ливерпул со високи 5:1 славеше на големото дерби на 20.коло од англиската Премиер лига против Арсенал.

И двата тима играат напаѓачки фудбал, па на „Енфилд“ можевме да видиме одличен натпревар полн со голови.

Арсенал поведе во 11. минута откако прекрасната акција со гол ја круниса Мајтланд Најлс. Сепак, Ливерпул,  по само две минути донесе ерупција на „Енфилд“ затоа што во 14. и 16. минута со двата погодоци на Фирмино дојде до пресврт.

На нов гол се чекаше до 32. минута кога фантастичната акција на „црвените“ ја заврши Мане за водство од 3:1. Домашниот тим не застана тука, па во продолжението на првиот дел Салах преку пенал зголеми на 4:1.

Конечниот резултат го постави Фирмино од белата точка комплетирајќи го својот хет-трик на вечерашниот натпревар.