Дибала конечно во игра, Алегри атакува на сите полиња подеднакво


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дибала е во одредена расправија со тренерот Алегри и не играче во последните натпревари или се наоѓаше на клупа, поради што Аргентинецо е исфрустриран, но Алегри тврди дека не е доволно српемен и дека не е во правата форма.

И покрај ова, ќе му даде шанса во Купот против Џенова, што е денес на распоредот.

„Де Шиљо и Манџукиќ се повредени и веројатно нема да бидат во тимот. Манџуќиќ имаше 13 конци, но во наредните денови ќе се процени сериозноста на ситуацијата, баш како и Де Шиљо. На теренот ќе бидат Дибала, Даниеле Ругани, и Федерицо Бернардески, а во опција е и Клаудио Маркизио“, изјави Алегри, па додаде:

„Одиме на победа, ова наптреварување ни е подеднакво исто како и Лигата на Шампионите и Сериа А. Јувентус го освојуваше ова натпреварување во изминатите години и сакаме да го освоиме и оваа година. Мораме да им створиме што е можно повеќе проблеми на нашите ривали и да се избориме со пласман понатаму“.

Алегри смета дека е добро да се победи овој натпревари, бидејќи во сабота следи дербито против Рома.

„Рома игра добар фудбл. Ди Франческо е одличен тренер и ќе биде добар натпревар, но за тоа ќе мислиме после натрепварот со Џенова, сега сме фокусирани на овој натпревар“, истакна Алегри.