Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легедарниот голман на Милан Дида испрати јасна порака до сегашниот голман 18-годишниот Џанлуиџи Донарума.
„Се надевам дека до крајот на својата кариера ќе остане вака добар голман. Ти посакувам да останеш во Милан, тоае клуб кој повторно ќе победува. Остани овде, клубот сака да те задржи и ќе направи се за во него да си и понатака среќен“, рече Дида, пренесува Скај Спортс.
Во светските медиуми се шпекулира дека Донарума може во ова лето да го напушти Милан, а на масата има богати понуди од градските ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед.
Иако Росонерите се спремни да му понудат нов договор, состанок со неговиот менаџер Мино Раиола е закажан дури на крајот на сезоната, кога ќе се знае и конечната судбина на овој голман.