Диего Коста го спаси Челси од пораз на Либерти


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Во единствениот натпревар кој се одигра денес во ПЛ, фудбалерите на Свонси и Челси одиграа нерешено, 2:2.

На стартот доминација на Челси. Вилијан после 5 минути игра се закани по голот на Свонси, но голманот фантастично одбрани. Се играше 18-та минута кога Диего Коста на асистенција на Оскар го совлада Фабиански. Пред крајот на првото полувреме Челси имаше уште една шанса за постигнување на погодок. но Диего Коста шутираше покрај голот. После 1 час игра голманот на Челси, Тибо Куртоа направи пенал, а Гилфи Сигурдсон беше сигурен од белата точка и израмни. Фудбалерите на Челси 3 минути подоцна направија грешка, а тој поклон го искористи Фер кој му донесе водство на Свонси. Гостите по примениот погодок се обидуваа да се вратат. Се пробуваа од нападот на Челси, но никако не можеа да го совладаат Фабиански. Конечно во 81-ва минута беше совладан Фабиански по втор пат, а погодокот го постигна Диего Коста кој го израмни резултатот и ги постави конечните 2:2.

Ова беше прво реми и за двата клуба во новата сезона во ПЛ.