Динамо Загреб убедливо го порази тимот на Работнички (Видео)

Екипата на Динамо Загреб покажа сила во денешниот пријателски натпревар против Работнички кој се одигра во Загреб.

„Модрите“ го победија нашиот тим со 4:0, а работата ја завршија уште во првото полувреме кое го добија со 3:0.

Во 15. минута Марио Шитум го отвори резултатот, а истиот играч во 28. минута зголеми на 2:0. Резултатот во првото полувреме го комплетираше Дино Периќ, додека конечниот резултат го постави Антонио Марин на стартот на вториот дел, во 48. минута.

Ова е втор убедлив пораз во вториот пријателски натпревар за Работнички ова лето. Претходно „романтичарите“ загубија со 3:0 од Славија Софија.