Доаѓа крајот за Донарума во Милан - ќе направи трансфер во друг европски гигант!?

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума би можел наскоро да се пресели во Атлетико Мадрид кај Диего Симеоне.

Наводно, ПСЖ ќе се обиде да го донесе Јан Облак од Атлетико, а доколку се случи тоа, тогаш клубот од Мадрид ќе се обиде да го купи младиот Донарума.

Талентираниот голман на Милан во моментов е еден од најдобрите млади голмани во светот, па не е чудно тоа што Симоене е заинтересиран за него.

Освен нив, Донарума го бараат уште многу клубови и речиси невозможно е Милан да го задржи. Можно е ова да е последна сезона за Донарума во Милан, а потоа следува жесток лов за 19-годишниот голман.

Донарума е само една од желбите на Симеоне, иако во Атлетико ќе разгледуваат и други опции.