Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека се чека Франк Кеси, Росонерите договорија трансфер на лев бек.
Не се шегуваат новите сопственици на Милан кога најавуваа дека со полна пареа ќе тргнат во реализација на голем проект со што Росонерите конечно да ги направат првите чекори кон враќање на стазите на стара слава.
Додека на Сан Сиро сеуште нестпрливо очекуваат дефинитивен договор меѓу Милан и Аталанта околу потписот на Франк Кеси, членовите на кинескиот конзорциум постигнаа уште еден голем договор – со Рикардо Родригез.
Момчето што во последните месеци со сите сили го сакаат Челси, Интер, Пари Сен Жермен, како и уште неколку европски богаташи, управата на Милан успеа да го убедат дека неговата иднина е токму во црвено-црниот дрес, па затоа постигнаа договор околу личните услови за соработка.
Како што се истакнува, годишната плата треба да биде околу 3 милиони евра нето, а на тоа ќе дојде уште и побогат ако се бонусите се исполнат во текот на целата сезона.
Договорот треба да биде потпишан на четири сезони.
Сега челниците на Милан останува да ја договорат оштетата за универзалниот Швајцарец, кој оперира по целата лева страна.
Познато е дека од минатото лето за Родригез откупната клаузула е 22.5 милиони евра, но во Милан сеуште не се одлучија дали ќе ја платат цела, или ќе преговараат за пониска.
Тоа што е извесно е дека Родригез ќе го напушти Волфсбург во ова лето, поради тоа што не е задоволен по кој пат клубот оди, како ни постигнатите резултати.
Каде ќе оди, тоа наскоро ќе го дознаеме.