Долг е списокот на желби, Мурињо ќе бара дури пет играчи од Реал Мадрид на лето

Иако многумина очекуваа Манчестер Јунајтед да игра многу подобро по пристигнувањето на Алексис Санчез во тимот тоа не е случај. „Ѓаволите“ имаат два порази на последните три натпревари, а тоа го запали црвениот аларм кај управата на клубот.

Јасно е дека доколку сака да остане во трка со Сити за следната сезона, Манчестер Јунајтед мора да купи повеќе играчи од висок калибар.

Наводно листата на Мурињо за трансфери е огромна, а на неа има дури пет играчи на Реал Мадрид. Според пишувањата на Англиските медиуми Манчестер Јунајтед на лето меѓу другите ќе се обиде да ги донесе и Рафаел Варан, Марко Асенсио, Тони Крос, Касемиро и Иско.

Шансите да се донесат сите петмина очекувано се сведени на минимум, но Мурињо да донесе барем двајца од овие ќе направи вистински потег и значително ќе го засили тимот.