Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во 105 години долгата историјата на италијанската репрезентација, никогаш не играл помлад голман.
Голманот на Милан Џанлуиџи Донарума испиша нова страница на италијанскиот фудбал.
Тој синоќа во пријателски натпревар со Франција на полувреме го замени големиот Буфон и со своите 17 години стана најмлад чувар на мрежата на репрезентацијата на Италија некогаш.
Звучи неверојатно, но Донарума не беше уште роден кога дебитираше Џиџи Буфон. Имено, тој е роден на само 484 дена после што Џиџи Буфон дебитираше за Италија на 29 октомври 1997 година, а синоќа го замени на полувреме.
Да потсетиме, Донарума во минатата година стана и најмлад дебитант во историјата на Серија А со 16 години и осум месеци, поради што нема сомневање дека може да биде вистински наследник на својот имењак од голот на Старата дама и репрезентацијата на Италија.