Дортмунд пред Реал? Новиот Ибрахимовиќ го објасни овој потег!

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Александер Исак уште еднаш објасни зошто го избрал Дортмунд пред Реал.

Талентираниот фудбалер во зимскиот преоден рок од АИК се пресели во Дортмунд, иако и Реал беше заинтересиран за него.

17-годишниот играч кој дебитираше за Шведска, многумина го сметаат за новиот Ибра.

„Борусија е многу подобар тим за млади фудбалери и нивни напредок. Многу млади фудбалери овде добија шанса. Поради тоа го одбрав Дортмунд.“