Дојде во Милан бесплатно пред неколку недели, а сега Росонерите го продаваат за девет милиони фунти?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот шпански голман Пепе Реина неодамна го напушти Наполи откако му истече договорот и одлучи да потпише соработка со Милан.

Меѓутоа, италијанските медиуми сега објавија дека Реина после неколку недели би можел да го промени клубот. Наводно, интерес за овој голман покажа Маурицио Сари кој пред неколку дена беше претставен како нов тренер на Челси.

Сари со овој потег ги шокираше навивачите на лондонскиот клуб, но очигледно сакаат да имаат резерва доколку Куртоа си замине. Како што пишуваат медиумите на Апенините, Челси е спремен да плати околу девет милион фунти.

Реина и Сари соработуваа неколку сезони во Напли и очигледно новиот тренер на Челси има голема доверба во некогашниот голман на Ливерпул. Реина на Енфилд помина осум сезони и одигра скоро 300 натпревари за тимот.