Драма со среќен крај за Манчестер Јунајтед во Торино, Сити со шест гола го испрати Шахтјор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед славеше победа на гостувањето во Торино против Јувентус со 2:1 иако во текот на целиот натпревар беше инфериорен противник.

Јувентус го контролираше натпреварот, а стигна и прв до водство преку Кристијано Роналдо кој постигна феноменален погодок.

Сепак, Манчестер Јунајтед во финишот успеа да постигне два гола и да освои големи три бода. Најпрво Мата од слободен удар изедначи на 1:1, а само неколку минути подоцна Алекс Сандро си постигна автогол и со тоа донесе голема победа за „Ѓаволите“.

Градскиот ривал на Јунајтед, Манчестер Сити со 6:0 го торпедираше тимот на Шахтјор. Габриел Хесус постигна три гола, а по еднаш погодија Давид Силва, Ријад Махрез и Рахим Стерлинг.

Висока победа со одлична игра обезбеди и Реал Мадрид на гостувањето во Плзен кај Викторија. „Кралевите“ под водство на Солари овој пат славеа победа од 5:0.

Резултати

Баерн- АЕК 2:0

Бенфика- Ајакс 1:1

Јувентус- Манчестер Јунајтед 1:2

Лион- Хофенхајм 2:2

Манчестер Сити- Шахтјор 6:0

Плзен- Реал Мадрид 0:5