Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кралевите“ ја продадоа најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо во Јувентус, а се споменува заминување и на уште неколку фудбалери до крајот на преодниот рок.
Еден од тие кои би можел да замине е Тео Ернандез, кој немаше многу шанса да игра минатата сезона.
Овој 20-годишен лев бек стигна од Атлетико како алтернатива за Марсело. Меѓутоа, во цела сезона имаше само 23 настапи и поради тоа е незадоволен.
Управата на клубот е подготвена да го пушти, но со клаузулата која ја има во договорот.
Уште не е познато каде ќе ја продолжи својата кариера, но се поврзува со потенцијален трансфер во Премиерлигата, како и неколку шпански екипи.