Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја освоија Лига Европа, и во наредната сезона и покрај слабиот пласман во ПЛ ќе играат во елитното натпреварување.
Со головите на Пол Погба и Хенрик Михтаријан, Манчестер Јунајтед го совлада Ајакс на „Френдс Арена“ во Стокхолм и стигна до трофеј во Лига Европа.
Војниците на Мурињо во рутински манир во свој сегмент ги надиграа играчите на Ајакс и така ја потполнија колекцијата на клубот од Олд Трафорд.
Така Јунајтед во наредната сезона повторно ќе се најде во Лигата на шампионите, оди директно во групната фаза, а на ждребот ќе се најде во вториот шешир.
Ова е уште еден доказ дека Мурињо направи вистински избор кога се откаже од борбата за место во Премиер лигата што му гарантираше пласман во ЛШ, бидејќи ако стигнеа до едно од првите четири места во домашното натпреварување, ќе завршеа во третиот шешир на ждребот во групната фаза од Лигата на шампионите.
Со освојувањето на ЛЕ го скокна нивниот УЕФА коефициент, и наместо во третиот ќе се најдат во вториот шешир.
Премиер лигата ќе има четири сигурни претставници во Лигата на шампионите во наредната сезона, тука се Челси, Тотенхем, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, додека Ливерпул ќе проба да стигне во групната фаза во елитното натпреварување низ квалификации.