Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
„Скај Спортс“ пренесува дека Евертон прифатил понуда во висина од 26 милиони фунти од таборот на ПСЖ за услугите на Идриса Гана Геје.
Сепак, двете страни се уште не се договориле како ќе се исплаќаат парите, но се надзира крај на траснфер сагата која траеше неколку недели.
Самиот Геје посакуваше трансфер во ПСЖ, но од таборот на Евертон не ја прифаќаа понудата од 21 милиони фунти. Кога „Светците“ ја зголемија на 26 милиони англискиот клуб ја прифати понудата и сега остануваат сам детали за да се стави параф на договор.
Во последен момент Челси и Арсенал се обидоа да го „украдат“ играчот од средниот ред, но на крајот сепак се чини дека ПСЖ ја доби оваа битка.