Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Популарниот Мал принц би требало наскоро да го продолжи договорот со Јувентус. Миралем Пјаниќ пристигна во редовите на Старата дама во летото 2016. година за цена од 32 милиони евра и многу брзо стана еден од најважните играчи во составот на Алегри.
Тој потпиша петгодишен договор кој истекува во летото 2021 година, но без обзир на тоа, Јувентус сака да го обнови истиот. Како што пренесува Corriere di Torino, Пјаниќ го сметаат како срцето на проектот на Јувентус и до договор помеѓу двете страни би можело да дојде многу брзо.
Истиот извор пренесува дека Пјаниќ во новиот договор би добил и покачување на своите примања. Да потсетиме, според моменталниот договор, Пјаниќ има плата од 4.5 милиони евра.
Малиот принц оваа сезона одигра вкупно 20 натпревари и постигна четири погодоци и осум асистенции.