Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изборот за најдобар фудбалер заврши, но не стивнуваат реакциите поврзани за Лука Модриќ.
„Златната топка“ четврти пат во кариерата ја освои Кристијано Роналдо. Многумина овој избор го прогласија за смешен, а поголем дел се сложија дека играчот на Реал и хрватски капитен Лука Модриќ заслужи подобар пласман од 17 место.
„Модриќ е, како и Серхио Бускетс, со години беше една од најдобро чуваните тајни во фудбалскиот свет.
„Бернабе“ многу го сака Лука, но реалноста зборува нешто друго. На него никогаш не недостасуваше квалитет, веќе само признание. Изостанувањето од конкуренцијата за Златната топка“ во претходната сезона беше изненадувачки и разочарување“, пишуваше мадридски Ас после последното дерби со Барселона.
Мадридскиот спортски весник смета сдека Лука Модриќ заслужи да биде меѓу тројцата најдобри во изборот за Златната топка.
Квалитетите на Лука Модриќ никогаш не беа под знак прашање, што докажува и видеото кое успеа да биде видено од повеќе од стотина илјади луѓе.
Во видеото се издвоени мајсториите на Лука од првите два месеци од сезоната што докажува дека хрватскиот капитен е меѓу најдобрите играчи за врска на светот.
Le début de saison du meilleur milieu de terrain au monde actuellement, la video entière dure 2x plus longtemps. Luka Modriç pic.twitter.com/Fb7wbQRhUS
— #JusticePourAdama (@Rgnr_Ldbrk91) December 13, 2016