Емери призна дека Нејмар е главен во ПСЖ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Унај Емери на крајот на сезонава ќе замине од ПСЖ, а на негово место ќе пристигне нов тренер.

Емери за две години во клубот од ПСЖ има освоено шампионска титула, Куп на Франција и Лига куп. Во Лигата на шампиони двапати беше елиминиран во осминафиналето.

Како доаѓа крајот на Емери, така на површина се појавуваат лошите работи од соблекувалната, а тој даде интересна изјава за медиумите.

„ПСЖ е како Манчестер сити? Се разликуваат. Во Сити главен е Гвардиола, а тука е Нејмар“, кажа Емери.