Емотивниот Казнс во солзи се прости од Сакраменто

Една од најдоминантните ѕвезди во кошарката, ДеМаркус Казнс тешко се соочи со одлуката да замине од Сакраменто.

Тој се прости од луѓето во тимот со кои беше во послените 6 и пол години.

Казнс се заблагодари за поддршката која ја имал, а собраните со аплауз се обидоа да го смират и да му ги задржат солзите.

„Мојата љубов за овој град никогаш не се смени. Иако мене нема да ме има, тој и понатаму ќе биде ист. Секое семејство во овој град ми е важно. Јас повеќе не сум во дресот на Сакраменто, а тоа е во ред, но љубовта и понатаму ќе продолжи.“