Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ерик Кантона на духовит начин се приклучи на навивачите кои бараат Арсен Венгер да го напушти кормилото на Арсенал.
Бидејќи лондонски Арсенал веќе со години чека на највредните трофеи, легендарниот Кантона изјави дека Луис Енрике кој ќе ја напушти Барселона е идеална средина за одмор би била клупата на Арсенал.
„Енрике сака одмор ? Знам дека Шпанците се сериозни по прашањето за пладневен одмор, но тој тоа го подигна на повисико ниво. Зошто Венгер не би отишол таму, а тој би дошол ваму?
Тоа е совршено место ако сакате да се одморите“, го советуваше Кантона тренерот на Барселона.
Кантона, кој инаку важи за личност „без влакно на јазикот“ , најголема трага во кариерата остави играјќи за Манчестер Јунајтед во период од 1992 до 1997 година.
Со црвените ѓаволи освои четири Премиер лиги и три ФА Купови, а беше прогласен и за најдобар фудбалер во лигата.