ЕСПН открива: Кајри Ирвинг побарал да биде трејдуван


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Кајри Ирвинг кошаркарот на Кливленд, кој заедно со Леброн Џејмс и Кевин Лав, се најдоа во трите последователни финалиња во НБА лигата, побарал од управата на „Кавалирс“ да биде трејдуван некаде кај што ќе има поголема улога, пренесуваа од ЕСПН.

Додека некои играчи сонуваат да играат со Леброн Џејмс, за одличниот плејмејкер токму „Кралот“ е причината пради која што го побарал трејдот. Како што пренесува ЕСПН, Кајри повеќе не сака да биде во сенка на големиот ЛеБрон, туку некаде кај што тој ќе го води тимот и ќе биде главната ѕвезда.

Како можни дестинации се споменуваат Сан Антонио Спарс, Њу Јорк и Минесота.

Агентот на Ирвинг засега ниту ја потврдува, ниту демантира оваа ситуацијата.