Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дефанзивецот на Каљари Маурицио Исла се извини на својата мајка поради лошата партија против Јувентус.
Каљари е поразен со 2:0 од Јувентус на својот терен, а Исла кој играше во Јувентус, свесен е дека не одигра онака како што знае и може, па затоа се извини на својата мајка.
„Не бев најдобар против Јувентус. Жал ми е, ја разочарав својата мајка која ме негуваше. Не дадов повеќе од 60 % и поради тоа се морам да се извинам“, рече Исла.
Тој беше член на Јувентус од 2012 до 2016 година и за тоа време собра 30 настапи во црно-белиот дрес, а беше член на Удинезе, КПР и Марсеј.
Во оваа сезона Исла во Серија А за Каљари одигра 22 натпревари, но не успеа да се запише во листата на стрелците. Во Купот исто така запиша еден настап.