Животна партија на Карачиќ, Вардар го „сомле“ Мешков во „Јане Сандански“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Екипата на Вардар им се врати на победите откако вечерва во „Јане Сандански“ славеше убедлива победа од 30:23 против Мешков Брест.

По израмнетото прво полувреме кое заврши 14:14, Вардар во свои раце ја зеде играта во вториот дел и буквално го разби противникот.

Феноменален во таборот на Вардарци беше хрватскиот репрезентативец, Игор Карачиќ кој постигна 11 погодоци од вкупно 14 удари кон голот на противничкиот тим.  Одлични меѓу „црвено црните“ беа и Дибиров и Чупиќ со по шест постигнати погодоци.

На голот на Вардар во второто полувреме блескаше Калифа Гедбан со десет успешни интервенции. Сосема солидно деби во црвено црниот табор имаше и новото засилување, Кристијан Дисингер.