Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гризман е едната мета, другата е шокантна, на повеќе начини. Но што ако Барселона нема други опции?
Познато е дека прва мета на Јунајтед за наредното лето ќе биде Антонио Гризман. Но освен конкуренцијата на Челси, постои уште еден проблем.
Французинот, доколку остане Симеоне во тимот, заминувањето може да го одложи за уште едно лето.
Тоа би ги сменило плановите на Јунајтед и во тој случај тие би можеле да се насочат кон Суарез. А колку и да ви изгледа овој трансфер невозможен, постојат неколку контра-аргументи. Барселона ќе вложи многу пари во договорот на Меси, како и другото во Нејмар.
Тоа би можело да биде премногу за финансиите на клубот, а ако Јунајтед понуди светски рекорд, што за нив не е проблем, понудата би можела да биде прифатена.
Каде е во сето тоа Суарез?
Тој сака да остане, но и бара во неговиот договор да има услови како тие на Нејмар, а тоа се околу 15 милиони евра годишно. Кога Барселона ќе плати даноци, тогаш на договорите на 3-те играчи ќе треба да одвојува повеќе од 100 милиони евра годишно.
Суарез има 29 години, летото би можело да биде шанса за нив да заработат многу пари. Ставот на клубот е едноставен, тие нема сигурно да го пуштат Меси, а не веруваме дека ќе се откажат и од Нејмар.
Доколку Суарез премине во Јунајтед, тоа би знаело само едно. Кога ќе гостува Јунајтед на „Енфилд“, навивачите на Ливерпул ќе му направат пеколен дочек.
Но, ако е само до економските работи, тогаш тој трансфер е и повеќе од можен.
Освен напаѓачи, Мурињо сака и да ја реновира одбраната, некои чекор ќе бидат направени во јануари, Фабињо и Ридигер од Рома се мети, а од друга страна, клубот освен Дармијан можат да го напуштат и Шо, Блинд, но и Смолинг.