За Хуан Мата понудени 375.000 фунти неделно


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчот на Манчестер Јунајтед доби неверојатна понуда, тврди СанСпорт. Се работи за понуда од кинески тим од првата лига со плата од 375.000 фунти неделно.

Договорот на шпанскиот репрезентативец со Манчестер Јунајтед трае уште 12 месеци, што значи дека доколку двете страни не го продолжат договорот, останатите клубови можат да го доведат бесплатно.

Интерес има од многу клубови, но засега највисоката понуда е дадена од кинески прволигашки тим.

Но, наводно тој се заблагодарил на понудата и изјавил дека сака да остане на Островот.

„Мата својата иднина ја гледа во Манчестер Јунајтед и одлучен е да остане. Преговорите за неговото останување ги води неговиот татко, кој бара долгогодишен договор“, изјавува изворот од Олд Трафорд на СанСпорт.

Клубот од Манчестер сигурно нема да дозволи Мата да го напушти клубот за 12 месеци бесплатно, посебно доколку се земе во предвид дека во договорот постои клаузула за автоматско продолжување на договорот за уште 12 месеци.