Замина и последната надеж: Мареј го откажа настапот во Марсеј!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Британскиот тенисер Енди Мареј го откажа настапот на АТП-турнирот во Марсеј. Тој пред почетокот на Австралијан Опен кажа дека тоа ќе му биде последниот турнир во кариерата поради болки.

Тој во првото коло од гренслем турнирот загуби од Роберто Баутиста-Агут, а по натпреварот порача дека не е сигурен дали ќе се види повторно со публиката во Мелбурн.

Откако го откажа настапот во Марсеј, стана јасно дека сега е меѓу два огна. Или ќе ја заврши кариерата или ќе се реши за втора операција на колот.

По поразот во првото коло на Австралијан опен кажа дека втората операција не му гарантира нормално играње тенис, а поради неа ќе мора да паузира повеќе месеци.

„Тешко ми е, но немам избор. Бев решен да дојде во Марсеј, каде што ја освоив титулата во 2008 година. Таа титула ќе ми остане во добро сеќавање“, кажа Мареј.