Засекогаш со братот – Еве што направи сестрата на голманот на Чапекоенсе!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голманот на Чапекоенсе кој почина во болница после авионска несреќа во Колумбија засекогаш е овековечен на телото на неговата сестра Даниела Педељи.

Недела дена после страшната авионска несреќа во која страдаше речиси комплетнито фудбалски тим на Чапекоенсе, сеуште се зборува за работи што ги следат судбините на загинатите фудбалери и членови на стручниот штаб.

Па така од Бразил стигнува вест за сестрата на голманот Данило, Даниела Педељи, која за викендов посети студио за тетовирање и на телото стави спомен од братот.

Фотографијата од тетоважата од Данило ја стави на фејсбук па многу стана вирусна, а тату мајсторите од Бразил тврдат дека после несреќата голем број на луѓе дојдоа со желба да направат тетоважи во чест на несреќно настраданите.

Да потсетиме дека голманот Данило го преживеа падот на авионот но во болница подлегна на повредите здобиени во авионската несреќа.