Затоа е бог: Два гола од првите два удари на Ибра во дебито за Галакси (видео)

Златан Ибрахимовиќ имаше фантастично деби за неговиот нов тим, Лос Анџелес Галакси.

Швеѓанецот постигна два погодоци од своите два први удари кон противничкиот гол, а првиот беше вистинска мајсторија.

Галакси имаше голема негатива од 3:0 против својот ривал Лос Анџелес ФК, но работите се сменија по влегувањето на популарниот Ибракадабра.

Легтет и Понтиус го намалија резултатот на 3:2, а потоа на сцена стапи Златан Ибрахимовиќ. Поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед најпрво погоди во 77. минута, шест минути откако влезе во игра, а потоа го постави и конечниот резултат во судиското продолжение од средбата.