Зидан е многу подобар тренер сега отколку кога си замина од Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиумите во Шпанија пренесуваат интересни коментари од тамошните фудбалски аналитичари поврзани со ситуацијата во Реал Мадрид.

Многумина од аналитичарите сметаат дека Зидан во моментов е подобар тренер отколку од времето кога си замина од „Кралскиот клуб“.

„Марка“ пренесува изјава на Роберто Паломар кој даде јасен одговор во врска со францускиот стратег.

„Сега, кога Зидан се врати тој е сигурно подобар тренер, посебно затоа што има многу повеќе слобода во неговата работа. Тој го напушти Реал Мадрид како европски шампион и се врати во клуб во кој има хаос, но тој веќе донесе смиреност во клубот.

Зидан не е тип на тренер кој од по „лушпи од јајца“ и донесе одлука да го стартува натпреварот со Кејлор навас како голман кога се чинеше дека Костариканецот го одиграл својот последен натпревар за клубот“- истакна Паломар.