Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Крајот на регуларната сезона на МЛС лигата се ближи, а објавени се и кандидатите за престижните награди кои ќе бидат доделени на крајот од годината.
Меѓу кандидатите за повеќе признанија е и Златан Ибрахимовиќ кој во МЛС пристигна во март оваа година и го облече дресот на Лос Анџечес Галакси.
Тој се најде помеѓу кандидатите за наградата најкористен играч (MVP) која го носи името на легендардниот Лендон Донован.
Исто така, Ибрахимовиќ е номиниран и за „новајлија на годината“, како и за „повратник на годината“ со обзир дека во Галакси пристигна после повредата на коленото.
Мали се зборовите да се каже дека Златан стана „инстант сензација“ откако пристигна во МЛС.