Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повеќе фудбалери на Евертон, плус претседателот на клубот Бил Кенрајт посакуваат менаџерот на у23 тимот на Евертон, Дејвд Ансворт да го преземе сениорскиот тим.
Ансворт денес беше потврден како привремен тренер на Евертон, втор пат во неговата кариера откако во 2016 кратко го водеше тимот по заминувањето на Роберто Мартинез.
44 годишниот стратег има голема репутација на „Гудисон Парк“ и ќе го води клубот против Челси во натпреварот од Карабао Купот.
Сепак, сопственикот на „Карамелите“, Фархад Мошири сака познато тренерско име да го наследи Роналд Куман и не планира да му ја даде поддршката на Ансворт.