Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус го совладаа на гости Каљари во натпревар од 24-то коло во Серија А, 0:2.
Натпреварот не започна добро за Јувентус бидејќи Џорџо Киелини се повреди после 18 минути игра. Во 37-ма минута Гонзало Игуаин погоди за водство на бјанконерите.
На почетокот на второто полувреме Игуаин го постигна вториот погодок на натпреварот. Барела неколку минути подоцна доби втор жолт картон, па Каљари остана со 10 фудбалери на теренот.
До крајот на натпреварот промена на резултатот немаше, а Јувентус запиша нова победа.
Јувентус после денешната победа има седум бода повеќе од Рома која е втора и девет повеќе од третопласираниот Наполи.