Изненадување – Гвардиола е спремен да ја активира клаузулата за Италијанец!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се е јасно Агуеро може да го напушти Итихад.

Серхио Кун Агуеро испадна од првиот состав на Манчестер Сити од доаѓањето на суперталентиранито Габриел Жесус.

За работата по Аргентинецот да биде уште полоша, поранешниот играч на Палмеирас веќе запиша три погодоци, беше клуч на Граѓаните во претходните два триумфи во Премиер лигата.

Се шпекулира дека Агуеро може да заврши во Реал или Интер, но и тој и Гвардиола изјавија дека ќе остане на Итихад, но се почесто наведуваат бројни светски укажуваат на спротивното.

Имено, познато е дека Гвардиола е заинтересиран за Обамејанг од Дортмунд, но сега се појави уште едно име кога позицијата најистурен е во прашање.

Ново име на листата на желби на шпанскиот стратег е напаѓачот на Торино Андреа Белоти и судејќи по последните информации, Сити е сериозен во намерата да го ангажира.

Наводно се решени да платат клаузула од 85 милиони евра и да го преселат италијанскиот репрезентативец од Торино во Манчестер.

Белоти блеска во оваа сезона, 23-годишниот напаѓач постигна 15 голови во Серија А во оваа сезона и така привлече внимание на бројни европски клубови на себе.

За неговите услуги се заинтересирани и Реал, Баерн и Пари Сен Жермен, и поприлично е јасно дека ова ќе биде негова последна сезона во редовите на „Биковите“.