Икарди се договорил – добива поголема плата и страшна клаузула!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинецот Мауро Икарди има договор со Интер до 2021 година, но и откупна клаузула од 100 милиони и управата се плаши дека би можеле заинтересираните страни да го „украдат“.

Реал Мадрид е заинтересиран за неговите услуги, па поради тоа Кинезите решиле да се договорат со агентот и сопруга на Икарди, Ванда.

Икарди ќе добие договор со годишна плата од седум милиони евра, а според различни бонуси би можел да заработи уште повеќе пари.

Главната работа во целиот договор е зголемувањето на неговата откупна клаузула, која би требало да изнесува неверојатни 180 милиони евра.