Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Баерн Минхен беа шокирани, откако Кингсли Коман поради големи проблеми со повреди кажа дека можеби ќе ја заврши кариерата.
Коман се појави како тинејџер додека настапуваше за ПСЖ и Јувентус, а пред неколку години пристигна во Минхен. Во германскиот клуб брзо се избори за место во првиот тим и навивачите го прогласија за наследник на Франк Рибери.
Сепак, во претходните неколку месеци Коман речиси не играше поради тешките повреди и големи проблеми со зглобот на десната нога.
„Не сакам и не можам да прифатам уште една операција. Можеби моето стапало не може да биде фудбалерско. Доколку се покаже така, тогаш ќе правам нешто друго во животот“, кажа Коман.