„Имаме проблем кој не можам да го објаснам“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Трката за ГН на Монако е се поблиску, а возачите се подготвуваат за трката.

Во Монако се возеше и третиот тренинг, а изјава по тренингот даде Хамилтон.

Хамилтон во текот на вториот тренинг имаше многу проблеми со гумите кои не се однесуваа најдобро. Тој не можеше да објасни што се случувало и поради што се создал тој проблем.

„Не можам да објаснам што се случи, затоа што не го разбирам проблемот. Првиот тренинг беше добар и болидот се однесуваше добро. На вториот тренинг се случи сосема спротивна работа.“