Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пеколни години за гигантот од Милано.
Дочекан со надеж од навивачите дека ќе успее да го замени Масимо Морати, кој во клубот ги вложи своите 1.500.000.000 евра, но Тохир едноставно немаше такви емоции кон Интер. Според најновите информации бизнисменот од Индонезија всушност заработил многу по 3-годишниот престој во Милано, иако Интер цело време остана на исто место.
Па така додека стоеја во исто место и се надеваа, тие не забележаа дека Тохир од клубот изнел 131.600.000 евра!
Медиумите пишуваат дека Тохир, наместо првичниот договор, сите пари што ги трошел на финансирање на клубот всушност биле пари кои ги добил како позајмица на кои стигнува камата. Само што таа камата се овие 131.600.000 евра, а грижата е на кинеската компанија Сунинг, која во јуни 2016-та година од Тохир го купи Интер.
Всушност, можеби и не е, бидејќи и дел од инвестицијата на Сунинг –дел кој изнесува дури 180.000.000 евра – е всушност позајмица. А каматата е 7.7%. Тохир според медиумите земал пари за кои следувала камата од 8 до 9.5%.
Масимо Морати најверојатно плаче од мака. Навивачите на Интер можат да се надеваат дека амбицијата на Сунинг не е иста како што беше во случајот на Тохир, а тоа беше само масовна заработка.