Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Калчомеркато“ пишува дека фудбалерот на Лион, Лукас Тусар, се наоѓа на листата со желби на Интер и Тотнем.
Младиот Французин е играч кој ветува и на кој францускиот клуб може добро да заработи, а пристигна од Валенсијен во 2015. година за три милиони евра, а сега вреди десет пати повеќе.
Италијанските медиуми пишуваат дека Интер испратил скаути да ги следат неговите настапи, но уште не е сигурно дали понуда ќе биде испратена во јануари или на крајот на сезоната.
Интер го доби првиот натпревар против Тотнем со пресврт, но ќе видиме дали ќе ја добијат и битката на трансфер пазарот.