Интер доби нов претседател: Има само 27 години и огромно богатство (ВИДЕО)


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Италијанскиот гигант Интер денеска доби нов претседател, откако „Сунинг“ групата реши на таа позиција да го постави 27-годишниот Стивен Жанг, син на Жанг Јиндонг.

Интер денеска потврди дека нов член на тимот е Стивен, чие семејство има богатство од шест милијарди долари.

Така заврши петгодишното владеење на Ерик Тохир, а наводно странскиот бизнисмен ќе ги продаде и останатите 31% од акциите.

Жанг стана најмладиот претседател на „нераѕурите“ во историјата, а се претстави на јавноста со посебно видео.