Интер прави бомбастичен трансфер

Од редовите на Интер се сериозно заинтересирани за крилниот фудбалер на ПСЖ, Анхел Ди Мариа.

Аргентинецот се пресели во францускиот тим во 2015 година од редовите на Манчестер Јунајтед, а сега новиот тренер на ПСЖ, Томас Тухел дозволил истиот да биде продаден.

Интер подготвува понуда од 50 милиони фунти за крилниот фудбалер, додека пак интерес за Ди Мариа има и од тимот на Атлетико Мадрид.