Кавани добива конкуренција од Аргентина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На Светците се потребни засилувања, не им оди како што се надеваа на ниту едно поле, во јануари може да стигна и нов напаѓач.

Од заминувањето на Златан Ибрахимовиќ целиот напаѓачки терет падна на грбот на Единсон Кавани.

Тој речиси е единствена опција за самиот шпиц на нападот во екипата на Емери, умеат тука да се снајдат и Хесе и Бен Арфа, но резултатите зборуваат дека уште еден добар голгетер многу ќе легне.

Сегашната управа размислува и за моменталната сисутација но и за иднината на клубот од Паркот на Принцевите, и делува дека во Аргентина пронајдоа идеално решение.

Имено, на нивниот радар сега е фудбалерот на Ривер Плата и голема желба на Клоп, новопечениот репрезентативедц на Аргентина Лукас Аларио.

Напаѓачот на Ривер има 24 години, кариерата ја почна во Колон, а од минатото лето ја задолжи опремата на еден од најголемите аргентински клубови.

Во минатата сезона одигра 26 меча во сите натпреварувања за Ривер, постигна 11 голови и запиша три асистенции, додека во оваа сезона на 13 меча запиша пет голови.

Се верува дека Ривер Плата својот напаѓач го цени 15 милиони фунти, што секако нема да претставува проблем, за богатиот ПСЖ.