Кагава ја најави следната станица во својата кариера...

Јапонскиот репрезентативец, Шинји Кагава оваа сезона имаше скромна минутажа во Борусија Дортмунд, за кој настапи на само два меча во Бундеслигата.

Веќе некое време овој играч не е во првите планови на клубот од Дортмунд, па затоа реално е да се очекува наскоро да ја промени средината бидејќи моменталната ситуација не одговара ниту нему, ниту Борусија.

Кагава зборуваше за шпански АС, и призна дека сонува да игра во Ла Лига.

„Сакам да ја решам оваа ситуација во која сега се наоѓам. Веројатно решението е да побарам нов клуб, нов предизвик. Не се плашам за промена, таков човек сум“, започна Кагава и додаде:

„Веќе играв во Германија и Англија, ја освоив Бундеслигата и Премиер лигата и сега размислувам за заминување во Шпанија. Тоа би се сметало за нов предизвик во мојата кариера. Не сакам да ја завршам кариерата, а да не одиграм барем една сезона во Ла Лига“.

Шинји Кагава кариерата ја започна во Церезо Осака, од кадешто во 2010. година пристигна во Борусија Дортмунд. Две години подоцна е продаден во Манчестер Јунајтед, но се врати во Дортмунд 2014. година и изминатото лето го продолжи договорот до јули 2020. година.