Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува италијанскиот новинар Танкреди Палмери, неименуван кинески клуб е спремен да понуди цело богаство со цел да го ангажираат најдобриот фудбалер на светот за 2016 година.
Веќе имаше приказни за некои нереални суми кога е во прашање фудбалерот на Барселона Лео Меси.
Одредени клубови од најнаселената земја на светот наводно нуделе на Аргентинецот 100 милиони евра по сезона и пет годишен договор, што секако ќе ги надминат сите граници на здравиот разум.
Нема сомнеж дека Меси е еден од најдобрите, по многумина и најдобар на светот, но истотака е сигурно дека ниту еден спортист на светот не треба да прима толку пари.
Поразувачки е фактот дека токму Меси и Кристијано Роналдо, кои сепак покажаа дека се над сите останати во претходните години, не се најплатени фудбалери на светот, веќе тоа е Езеквел Лавеци, а сега и Оскар е и наскоро многу веројатно и Карлос Тевез.
Работата која ги поврзува споменатите тројца е дека од наредната гдоина ќе играат во Кина (Лавеци веќе игра).
Се е јасно дека Кинезите сакаат да направат исклучително силно натпреварување од својата лига, но се искалира со неверојатна брзина.
Донеомдана најплатен фудбалер на азискиот континент беше Асамоа Џан, кој заработуваше околу 11 милиони евра по сезона.
Сега се споменува сума од 20, 40 и 100 милиони евра за еден фудбалер, а некој изгледа замина и чекор понапред.
Имено, како што Палмери пренесува по пат на својот “Твитер“ профил, Роналдо добил понуда од 150 милиони евра на годишно ниво, додека Реал за неговите услуги ќе инкасира 300 милиони евра!
Да е први април, па да се надеваме дека е првоаприлска шега во прашање, но е крај на 2016 година и ова е прв знак за она што не чека во наредната, барем кога е фудбалот во прашање.
BOOM! CRISTIANO RONALDO HAS RECEIVED FROM CHINA AN OFFER OF 150M€ PER YEAR + 300M€ FOR REAL MADRID
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) December 29, 2016