Какви маки за Баерн: Дали Рибери со ова ќе се прости од фудбалот?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Актуелниот гермнаски шампион Баерн Минхен соопшти дека Франк Рибери ќе мора на пауза.

Французинот на тренингот во Доха, каде Баерн ги одработува подготовките за вториот дел од сезоната, се здоби со повреда на мускулот и одредено време ќе мора да мине надвор од теренот.

„Рибери го искина мускулот на десниот бутен дел во текот на тренингот во средата вечерва и не се знае до кога ќе биде надвор од теренот“, стои во соопштението на Баерн.

Овој искусен офанзивец во изминатата полусезона беше помалку или повеќе стандарден во првата постава на Баерн, а ова воедно му е и последна сезона во минхенскиот клуб, бидејќи не го продолжи договорот.

Рибери на „Алијанц Арената“ е од 2007. година и досега во дресот на Баерн одигра повеќе од 400 натпревари, притоа постигнувајќи 122 погодоци и 180 асистенции, што се импресивни бројки.